Ракометарките против Романија во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија ќе игра против селекцијата на Романија во баражот за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи во декември годинава.
За тоа колку тежок предизвик ги очекува селекторот Симевски и ракометарките, додволно говори податокот дека Романија учествувала досега на сите 24 ракометни Мундијали и има три титули (1956, 1960, 1962). Главен адут на Романија е Кристина Неагу, а на последниот голем настап, Европското првенство, тие го освоија 12. место.
Ракометната репрезентација на Македонија местото во баражот за СП го обезбеди откако на претквалификацискиот турнир кој се играше во Скопје ги совлада Исланд, Литванија и Грција. Според распоредот, првиот натпревар ќе се игра на 16/17 април, а реваншот и закаќан за 20/21 април.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
ДВОЈКИ ЗА БАРАЖ
Русија – Турција
Чешка – Швајцарија
Словенија – Исланд
Словачка – Србија
Украина – Шведска
Австрија – Полска
Унгарија – Италија
Романија – МАКЕДОНИЈА
Португалија – Германија
Црна Гора – Белорусија


