Денеска наутро Металург летна за Истанбул, каде ќе го мине денот и утре ќе продолжи за Цирих.
Сите корона-тестови на ракометарите, стручниот штаб и на раководството се негативни, така да тренерот Зоран Кастратови на располагање ќе ги има сите потребни играчи.
Металург утре ќе стигне во Цирих, каде ќе го има и својот тренинг пред натпреварот. Самата средба со екипата на Криенс ќе се одигра во вторник, со почеток во 18.45 часот, а Металург ќе ја почне со двата гола предност стекнати од средбата во Скопје.