Ракометарите на Алкалоид во Шпанија ќе го имаат првиот меѓународен меч

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометниот клуб Алкалоид е пред својот втор натпревар од ЕХФ Европската лига, воедно прв официјален меч што ќе го игра на гостински терен.

Македонскиот вицешампион во вторник на 24 октомври ќе се сретне со екипата на Логроњо Ла Риоха од Шпанија. Натпреварот ќе се игра од 20.45 часот во Спортската сала во Логроњо која има капацитет од околу 4000 гледачи. Овој меч ќе биде пренесуван на ТВ каналите МТВ 3 и на Арена Спорт.

Првиот гостински натпревар во ЕХФ Европската лига е голем предизвик за Алкалоид и ракометарите на Кирил Лазаров. Ќе играат на терен на реномиран ракометен колектив кој годинава го прослави својот 20 роденден.

Логроњо Ла Риоха од 2006 година е дел од најсилната шпанска лига – АСОБАЛ. Нивните најголеми успеси се три вицешампионски титули во АСОБАЛ и две трети места. Четирипати имаат учествувано во Лигата на шампионите и уште седум други учества во вториот по квалитет Европски Куп.

Дресот на овој клуб низ годините го носеле познати шпански ракометари и интернационалци како Алекс Душебаев, Рубен Гарабаја, Хуанин Гарсија, Рафаел Капоте.

– Реномето на Логроњо Ла Риоха е мотив плус за играчите на Лазаров да пружат максимум на теренот во обид да ги освојат првите европски бодови. Презентирањето на македонскиот ракомет надвор од границите е обврска што сериозно ја сфаќаме и клубот ќе настојува на секое поле да се подобрува. РК Алкалоид во Шпанија ќе отпатува во понеделник и предвидено е да одржи тренинг во салата во Логроњо уште истата вечер – информираат од клубот.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Ракометарите на Алкалоид не разочараа во европското деби против Војводина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот