Ракомет во Токио:  Шпанија со пенал во последната секунда славеше во дербито против Норвешка

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Ракометната репрезентација на Шпанија во дерби натпреварот од второто коло во групата А, во трилер натпревар со 28:27 ја совлада Норвешка. Човек на одлука на натпреварот беше Алеиш Гомез кој во последната секунда го постигна голот од пенал за триумф на „фуријата“.

Најпрецизен во редовите на Шпанија беше Адријан Фигерас со девет гола, додека на голот блескаше Коралес кој имаше 16 одбрани.  Во редовите на Норвешка, најпрецизен беше Магнус Јондал со девет голови. Дерби пресметката помеѓу Шпанија и Норвешка на судеше најдобрата македонска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Во групата А, покрај Шпанија, пред пласман во четвртфиналето се наоѓаат и Франција и Данска кои исто така имаат по две победи. Франција предводена од Никола Карабатиќ во второто коло го совлада Бразил со 34:29. Карабатиќ, Гигу и Торнат постигнаа по четири гола за Франција, додека кај Бразил најпрецизен беше Леонардо Дутра со 10 голови.
Олимпискиот шампион Данска со 32:27 го совлада Египет благодарение на деветте гола на Микел Хансен и осумте на Матијас Гидсел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот