РАБОТНИЦИТЕ НА ШТРАЈК: Демонстрации пред неколку фабрики во Минск (ВИДЕО)

Масовен протест во Минск во пресрет на изборите закажани за 9 август / 30 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Во Минкс пред неколку фабрики и седиштето на белорускиот јавен сервис се одвиваат демонстрации,  откако опозицијата повика на генерален штрајк во знак на протест против реизборот на претседателот Александар Лукашенко.

Работниците од другите фабрики се упатија кон производителот на тешки возила МЗКТ каде главниот собир, за да им се придружат на демонстрантите.

„Оди се!“, „Нема да заборавиме, нема да простиме“, извикуваа демонстрантите собрани пред седиштето на МЗКТ.

Демонстрантите, кои мавтаат со бело и црвено опозициско знаме се собраа пред фабриката за тешки возила, каде Лукашенко пристигна денес со хеликоптер за да се сретне со работниците во фабриката МЗКТ, обидувајќи се да го минимизира обемот на протестите и да се осигура дека сите фабрики во земјата функционираат, и покрај повиците на генерален штрајк.

„Ако некој не сака да работи и сака да ја напушти својата работа, вратата е отворена за него“, рече Лукашенко.

Штрајковите во државните компании се сметаат за реална закана за неговото задржување на моќта, бидејќи тие се економската основа на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот