Работниците имаат право на платен одмор во услови на вонредна состојба

Работници, Фото: СП. архива

ССМ апелира до работодавачите да ја почитуваат и применуваат оваа одредба од Општиот колективен договор за приватниот сектор.

Работниците кои сакаат да користат платен одмор ќе можат тоа да го сторат и во услови кога земјава е во вонредна состојба поради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината, но и за елементарни непогоди до 7 дена, согласно Спогодбата од 2016 година, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија.

-Дополнително, предвидено е дека во случај на прогласување на вонредна состојба или кризна состојба или друг вид на непогоди прогласени со Одлука на Владата или друг надлежен државен орган или институција работодавачот може на работникот да му одобри и поголем број на слободни денови, велат од ССМ.

Од ССМ апелираат до сите работодавачи да ја почитуваат и применуваат оваа одредба од Општиот колективен договор за приватниот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот