Работнички во серија, Питс го сруши Куманово

фото: https://druga.aba-liga.com/

Кошаркарите на Работнички го совладаа Куманово со 79:72 во заостанатиот натпревар од шестото коло во Суперлигата и ја остварија третата победа по ред.
Гостинскиот тим одлично го отвори натпреварот, поведе со 0:13, но како одминуваше времето така и предноста се топеше, па на крајот од првата четвритна Работнички имаше негатива од само два поени (20:22).
Сепак, кошаркарите на Куманово успеаја да го задржат водството до полувреме, по што на стартот од третиот дел, Работнички прави серија од 7:0 со која го презеде водството. Но, натпреварот беше решен дури во последната четвртина во која тимот од Градски парк дојде и до двоцифрена предноста (74:64) која му овозможи  рутински да го приведе натпреварот до крајот.
Одлична партија прикажа Демиер Питс кој постигна 32 поени, додека Љубомир Младеновски имаше дабл-дабл од 18 поени и 14 скокови. На спротивната страна, најдобар Бранислав Ѓекиќ со 25 поени и 13 скокови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот