Работнички со три порази ги заврши квалификациите за ФИБА Еврокупот

фото: kfsm.mk

И во својот трет последен натпревар од квалификацискиот турнир во ФИБА Еврокупот во СРЦ „Кале“ во Скопје кошаркарите на Работнички претрпеа пораз, овојпат од холандскиот Донар Гронинген со 62:65.

На стартот од последната четвртина Холанѓаните имаа и двоцифрена предност од 13 коша разлика (50:37). Играчите на тренерот Димитар Мираковски не се предаваа до самиот крај на средбата, успеаја да дојдат до негатива од само три поени (60:57), потоа и 62:59, но не им остана време за целосен пресврт.

На овој меч во редовите на Работнички Трајс постигна 12 поени, следен од Џелетовиќ кој имаше 11.

Пласман во групната фаза на ФИБА Еврокупот обезбеди азербејџанскиот Сабах на македонскиот тренер Боби Митев кој го заврши турнирот во нашиот главен град со три максимални победи.

ФИБА ЕВРОКУП
КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ГРУПА „А“ – СКОПЈЕ

Работнички – Рапид Букурешт 57:87
Сабах – Работнички 83:81
Донар Гронинген – Работнички 65:62

КОНЕЧНА ТАБЕЛА:

1.Сабах 3 3 0 248:224 6 бодови

2.Рапид Букурешт 3 2 1 227:212 5

3.Донар Гронинен 3 1 2 202:206 4

4.Работнички 3 0 3 200:235 3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот