Боби Митев со азербејџанскиот Сабах во групите на ФИБА Еврокупот

фото: instagram.com/sabahbc

Денеска во директна пресметка за првото место квалификациската група „А“ во СРЦ „Кале“ во Скопје кошаркарите на Сабах од Азербејџан го совлада романскиот Рапид Букурешт со 90:71.

Во победничките редови се истакна Холтон со 20 поени, а на спротивната страна Приџет реализираше 25.

На тој начин Сабах на чија клупа е македонскиот тренер Боби Митев обезбеди пласман во групите на ФИБА Еврокупот.

Играчите на Митев ќе играат во групата „Д“ со Бахчешехир Колеји (Турција), Морнар Барско злато (Црна Гора) и ЕРА Нимбурк (Чешка).

Во претходните два меча во нашиот главен град Сабах триумфираше против Донар Гронинген од Холандија со 75:72 и против нашиот претставник Работнички со 83:81.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот