„Работата си е работа“: Поранешен министер од Авганистан работи како доставувач во Германија

ФОТО: Принтскрин/Јутуб

Сајед Садаат беше министер за комуникации во авганистанската влада пред да се пресели во Германија минатиот септември во потрага по подобра иднина. Сега е доставувач во Лајпциг.

Тој признава дека некои негови блиски луѓе го критикувале дека почнал да се занимава со ваков тип на работа откако работел во владата две години. Но, за него, како што вели тој, работата е работа. Тој поднесе оставка од функцијата министер во 2018 година.

„Немам за што да се чувствувам виновен“, рече 49-годишниот, стоејќи во портокалова униформа покрај велосипед, пренесува Ројтерс.

„Се надевам дека и другите политичари ќе го следат истиот пат, ќе работат со јавноста, а не само да се кријат“, заклучи тој.

Неговата приказна стана особено истакната по хаосот што се разви во Авганистан по преземањето на власта од страна на Талибанците

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dünya Bülteni (@dunyabulteni)


Неговото семејство и пријателите исто така сакаат да ја напуштат земјата. Тие се надеваат дека ќе им се придружат на илјадниците цивили на летовите за евакуација или ќе се обидат да најдат други рути.

Садаат се борел да најде работа во Германија што ќе одговара на неговото претходно искуство. Со дипломи за информатика и телекомуникации, Садаат се надевал дека ќе најде работа во сродна област. Но, без познавање на германскиот јазик, вели тој, неговите шанси биле мали.

„Јазикот е најважниот дел“, вели Садаат, кој има и британско државјанство. Учи германски четири часа секој ден во училиште за јазици, а потоа започнува шестчасовна смена со доставување оброци.

„Првите денови беа возбудливи, но тешки“, раскажува тој, опишувајќи го предизвикот да научиш да возиш велосипед во градскиот сообраќај.

„Колку повеќе излегувате и колку повеќе среќавате луѓе, толку повеќе учите“, заклучи поранешниот министер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот