ПВК Орион и ПК Скопје со нови државни рекорди на меѓународниот пливачки митинг „13 Ноември“

ПК Скопје освои 47 медали на митингот „13 Ноември“/фото: facebook.com/pkskopje

Како што информира ПВК Орион – Скопје, нивниот пливач Јован Јанковски постави пет нови национални рекорди на Македонија.

На Меѓународниот пливачки митинг „13 Ноември“ во организација на ПК Бета Шаркс Јанковски оствари време од 23,40 секунди во дисциплината 50 метри слободно за нов кадетски и младински рекорд на Македонија.

Потоа, на 100 метри слободно имаше резултат 52,07 секунди за нов кадетски рекорд, на 50 метри делфин 25,28 секунди за нов кадетски рекорд. А во дисциплината 100 метри делфин имаше време 55,78 секунди за нов кадетски рекорд на Македонија.

На овој пливачки митинг ПВК Орион освои вкупно 31 медал: девет златни, по 11 сребрени и бронзени во машка и женска конкуренција.

Најефикасен македонски пливачки клуб беше ПК Скопје со 47 медали од кои 19 златни, 17 сребрени и 11 бронзени. Од редовите на ПК Скопје Димитар Бошнаков имаше нови државни рекорди на 400 метри слободно (постари пионери, 04:11,42 мин.), на 200 метри слободно (постари пионери, 01:58,35 мин.) и на 100 метри слободно (постари пионери, 53,86 секунди).

Сара Јанковиќ има нов државен рекорд во дисциплината 200 метри градно (кадети, 02:42,35 мин.) и во дисциплината 50 метри градно (кадети, јуниори и сениори, 33,74 секунди).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот