ПУТИН ПОТПИША ДЕКРЕТ: Руско државјанство за Украинците во Доњецк и Луганск по брза постапка

Фото: Профимедиа

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека е неприфатливо живителите од украинските делови на Доњецк и Луганск да немаат права.

Тој додаде дека Москва не сака да му создава проблеми на новото раководство на Украина.

Путин претходно потпиша декрет за забрзано решавање на барањата за руско државјанство на Украинците кои живеат во Доњецк и Луганск.

Во декретот објавен денеска на страната на Кремљ, стои дека на луѓето кои живеат во споменатите делови од Украина, барањата за државјанство ќе им бидат разгледани за помалку од три месеца.

„Немаме желба да создаваме проблеми со новото украинско раководство“, изјави Путин, објаснувајќи го овој потег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот