Путин испратил телеграма со сочувство до Ердоган по вчерашната трагедија во Истанбул

Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин / Фото EPA-EFE/PAVEL GOLOVKIN / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати телеграма со сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со бомбашкиот напад во Истанбул.

Во телеграмата Путин ја повтори подготвеноста на Русија да се вклучи во најтесна соработка со Турција во борбата против сите форми на тероризам, објавено е на веб-страницата на Кремљ, пренесе ТАСС.

Шест лица загинаа во неделата во терористички напад на главната шопинг улица во Истанбул, а полицијата приведе 46 лица, меѓу кои и Сиријката Ахлам Албашир, која е осомничена дека поставила бомба. Турција ги обвини курдските екстремисти за нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот