Доналд Трамп и Владимир Путин / Фото Архива на СП

Путин е најпопуларен светски лидер во Србија, а на глобално ниво е на дното

Папата Лав 14 е единствениот лидер што има позитивен резултат од 24 отсто, според истражувањето на „Галуп интернешнал“, со што се одржува доминацијата на позитивното над негативното мислење, но тој резултат е понизок од оној на претходниот папа Франциск (+28 отсто во 2019 година).

Глобалната поддршка за светските лидери е во опаѓање, покажува истражувањето на „Галуп интернешнал“ спроведено во 57 земји и територии, вклучително и во Србија, каде што најпопуларен светски лидер е рускиот претседател Владимир Путин, пренесе „Нова“.

Папата Лав 14 е единствениот што има позитивен резултат од 24 отсто, со што се одржува доминацијата на позитивното над негативното мислење, но тој резултат е понизок од оној на претходниот папа Франциск (+28 отсто во 2019 година).

Останатите лидери имаат негативни рејтинзи: израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху -42 отсто, рускиот претседател Владимир Путин -41 отсто, претседателот на САД, Доналд Трамп -31 отсто, претседателот на Кина, Си Џинпинг -23 отсто и индискиот премиер Нарендра Моди -12 отсто.

Трамп е втор по папата

Доналд Трамп има 30 отсто глобална поддршка, втор по папата (49 отсто), но со нето-рејтинг од -31 отсто. Негативно го перцепираат жените, луѓето постари од 55 години, атеистите, пензионерите и жителите на богатите земји. Најголема поддршка има во Азербејџан (40 отсто), Кенија (34 отсто), Грузија (33 отсто), Сирија (31 отсто) и Косово (27 отсто), а најниска во Иран (-88 отсто), Данска (-84), Шведска (-80), Норвешка (-79) и Швајцарија (-78 отсто).

Владимир Путин има 25 отсто одобрување, со нето-рејтинг од -41 отсто, што претставува голем пад во однос на -12 отсто колку што имал пред војната во Украина. Негативно го оценуваат луѓето над 55 години, пензионерите, атеистите и жителите на богатите земји. Највисока поддршка има во Србија (37 отсто), Индија (30 отсто), Азербејџан (19 отсто), Пакистан (15 отсто) и Малезија (12 отсто), а најниска во Украина (-98 отсто), Данска (-94), Шведска (-94), Норвешка (-90) и Естонија (-88 отсто).

Во Србија, по Путин, најголема поддршка има Си Џинпинг – 22 отсто, по што следува Моди со шест отсто. Неповолен рејтинг имаат Нетанјаху (-50 отсто), Трамп (-44 отсто) и папата (-19 отсто). Папата има полош рејтинг само во Ирак (-24 отсто) и Турција (-31 отсто).

Според истражувањето, европскиот просек ги рангира светските лидери вака: папата +29 отсто, Моди -15 отсто, Си -35 отсто, Трамп -42 отсто, Нетанјаху -48 отсто, Путин -58 отсто.

Трамп: „Владимир, сретни се со Зеленски“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот