Публиката и ракометарите во „Борис Трајковски“ им оддадоа почит на Славе Атанасовски и Андон Бошковски

Фото: Screenshot

Пред самиот почеток на натпреварот на Македонија против Луксембург одекна тажна вест – почина првиот селектор на македонската ракометна репрезентација, Славе Атанасовски – Чаве.

Публиката и ракометарите во салата „Борис Трајковски“ пред самиот почеток му оддаде почит на Атансовски со минута молк, но исто така и на неодамна починатиот Андон Бошковски.

Под водство на Атанасовски, Македонија го одигра првиот официјален натпревар на меѓународен турнир во Романија во 1993 година. Покрај македонската машка репрезентација тој беше селектор и на женската репрезентација на Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот