ПСЖ ќе има нов тренер, тројца кандидати за клупата на францускиот шампион

Шампионот на „Лига 1“ следната натпреварувачка сезона нема да биде предводена од Кристоф Галтие, објавуваат француските медиуми.
Првите луѓе на ПСЖ беа незадоволни од елиминацијата на клубот во Лигата на шампионите од Баерн во осминафиналната фаза.
Деновиве клубот размислува кој да го наследи Галтие и да ја води екипата во големата реконструкција на тимот во кој се шпекулира дека нема да бидат Лионел Меси и Нејмар.
Првото име на списокот кандидат за клупата на париските „светци“ е актуелниот тренер на Рома, Жозе Мурињо. Португалецот со преселба во Париз би имал можност да се врати на најголемата сцена и повторно да се бори за титулата европски шампион, иако од друга страна има шанса да го направи тоа и со римската „волчица“ доколку ја освои Лига Европа.
Другите кандидати се тренерот на Болоња, Тиаго Мота и Марсело Гаљардо, кој е без тренерски ангажман откако го напушти Ривер.