ПРВО СООЧУВАЊЕ: Хабиб го шутна појасот на Фергусон (ВИДЕО)

принтскрин

На шест недели до борбата дојде до првото соочување помеѓу шампионот и предизвикувачот.

Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон за прв пат се соочија пред петтиот обид да дојде до нивна пресметка во откагонот. Борбата за титулата треба да се одржи на 18 април во Бруклин на УФЦ 249 приредбата.

Посебно жешко беше на соочувањето кога Фергусон побара од Нурмагомедов да го стави својот шампионски појас покрај неговиот, на што Хабиб одговори со тоа што гоп шутна со ногата, привремениот појас на Тони Фергусон.  Фергусон потоа се поклони и му прати бакнеж на својот противник.

– Единствена работа која ме плаши се неговите години. Има 36,37 години и кога ќе го претепам, луѓето ќе кажат дека сум тепал старец. Ти си Американец и вие не знаете да се тепате на улица. Го почитувам како борец, но како човек не го познавам – изјави Нурмагомедов на прес конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот