Првите промени во Њукасл: Бенитез и двајца англиски репрезентативци!?

twitter.com/nufc

Искусниот шпански тренер веќе ги подготвува првите потенцијални засилувања ова лето на „Ст. Џејмс Парк“…

Рафаел Бенитез, како што информира британскиот „Телеграф“ нема желба да остане во кинескиот клуб Далијан. Искусниот шпански тренер има намера повторно да ја тренира екипата со која стекна статус на легенда.

Можно е Бенитез да се врати во Њукасл кој во изминатиот период доби нов сопственик од Саудиска Арабија.

Изворот пишува дека Шпанецот веќе ги подготвува првите потенцијални засилувања, двајцата англиски репрезентативци, Џон Стоунс (Манчестер сити) и Рос Баркли (Челси).

Се очекуваат 300 милиони фунти за нови трансфери на „Ст. Џејмс Марк“, а актуелниот менаџер Стив Брус ќе добие можност да ја задржи функцијата до крајот на сезоната доколку ги поправи резултатите на клубот.

Освен Бенитез, за клупата на Њукасл се шпекулира и името на Аргентинецот Маурицио Покетино кој доби отказ во Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот