Одобрена продажбата на Њукасл: Една од летните желби е Кавани! (ФОТО)

фото: твитер

Поранешниот газда на екипата, Мајк Ешли постигна договор со арапските инвеститори да го продадат клубот за 390 милиони евра.

Долг период се чекаше на одлуката, Премиер лигата го даде своето одобрение за продажба на Њукасл.

Поранешниот газда на екипата, Мајк Ешли постигна договор со арапските инвеститори да го продадат клубот за 390 милиони евра.

Се најавува дека нов шеф ќе биде саудискиот принц Мохамед Бин Салман, а официјалната одлука ќе следи најдоцна до крајот на неделава.

Воедно британските медиуми дека богатиот шеик подготвува интересен преоден рок на „Ст. Џејмс Парк“.

Помеѓу летните желби се Калиду Кулибали (Наполи), Набил Фекир (Реал Бетис), Единсон Кавани (ПСЖ)…

Еве како „талкСПОРТ“ го направи можниот иден состав на Њукасл во формација 4-2-3-1:

фото: talksport.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот