Првиот човек на УЕФА е гневен: Не знаевме дека имаме толку змии околу себе

фото: EPA-EFE/STEPAN FRANKO

По одлуката на 12. најбогати европски екипи да ја формираат Суперлигата иако УЕФА остро се противеше на ова, се огласи првиот човек на европската куќа на фудбалот, Александер Чеферин.
– Квалификациите за европските натпреварувања мора да бидат такви за секој да се може да се натпреварува во нив. Не можам да не го искажам своето противење од потегот на неколку клубови. Сите сме сложни против ова. Секој играч кој настапува во Суперлигата, никогаш нема да може да игра за репрезентацијата – предупредува Чеферин.

Првиот човек на УЕФА исто така истакна колку се вложува во фудбалот.
– Дури 90 проценти од парите кои ги заработува УЕФА се враќаат во фудбалот, не само на елитата. УЕФА не постои поради парите туку и да го помага и развива фудбалот. Тоа со Суперлигата не е случај. За нив тоа е работа во која најважен е само профитот, а не само солидарноста. Тие поинаку го вреднуваат фудбалот од нас, но нема да го дозволиме тоа.

Чеферен е бесен на дел од челниците на екипите кои ја формираа Суперлигата, а во исто време учествуваа во подготовката на новиот формат на Лигата на шампионите.
– Да почнам со Ед Вудворд од Манчестер јунајтед кој ме повика во четвртокот вечерта и ми рече дека е задоволен и во целост ги поддржува реформите во Лигата на шампиони, е очигледно е дека уште тогаш потпишал нешто за Суперлигата. Сепак, најголемо разочарување е претседателот на Јувентус, Андреа Ањели. Во својот живот не сум видел личност која лажела толку пати, толку упорно како него. Тоа е неверојатно. Не знаевме дека имаме змии покрај себе, сега знаеме – заврши Чеферин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот