Прва пол позиција за КТМ, Еспаргаро најбрз во квалификациите

epa08616300 Spanish MotoGP rider Pol Espargaro of Red Bull KTM Factory Racing in action during second free practice session of the Motorcycling Grand Prix of Styria at the Red Bull Ring in Spielberg, Austria, 21 August 2020. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на КТМ, Пол Еспаргаро ја освои првата пол позиција во кариерата во кралската класа, а воедно ова е прва пол позиција и за австрискиот тим.

Еспаргаро до најдобрата стартна позиција дојде откако кругот го извозе за 1:23.580 минути на „Ред Бул ринг“ патеката каде утре ќе се вози трката за големата награда на Штаерска.

Ова беше прва пол позиција за Пол Еспаргаро по пауза од седум години, односно од 2013 година и трката за Големата награда на Валенсија во Мото 2 класата.

Второто најбрзо време го оствари возачот на ЛЦР Хонда, Такаки Накагами со 22 илјадатинки поспоро време од Еспаргаро, додека третото најбрзо време го имаше Жоан Зарко, но поради казната за предизвиканиот инцидент на минатата трка ќе стартуба од боксот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот