Прва мастерс титула за Циципас
Стефанос Циципас е победник на првиот мастерс турнир со кој се отвора сезоната на зејмени терени, во Монте Карло откако во финалето го победи Андреј Рубљов во два сета со 6:3,6:3.
Ова е прв трофеј за Циципас на турнирите од серијата 1000, а воедно стана и првиот грчки тенисер кој триумфирал на мастерс турнир. Ова за него е шеста титула во кариерата и најголема по триумфот на завршниот мастерс во 2019 година.
Maiden Masters title in Monte-Carlo ?
A huge moment in the career of @steftsitsipas who beats Rublev 6-3, 6-3 to win the #RolexMCMasters ? pic.twitter.com/25iTu1Wn3e
— ATP Tour (@atptour) April 18, 2021
Во своето трето финале на мастерс турнирите, Циципас одигра фантастично, загуби само четири поени на свој сервис и до победата дојде по 71. минута игра.
За рускиот тенисер ова е прво финале на мастерс турнири, а од утре на АТП ранг листата ќе го помине Рожер Федерер на седмата позиција.