Прва лига: Феникс убедлив против Академија ФМП

фото: kfsm.mk

Феникс стигна до третата победа во низа во македонската Прва Лига откако вечерва славеше убедива победа против ФМП Академија (96:76).

Од самиот старт кошаркарите на Феникс ја преземаа контролата на натпреварот и првата четвртина ја добија со 30:22, а на полувреме тоа водство се зголеми на 50:39.

Заигра нешто подобро ФМП Академиај во третата четвртина и намали на само три разлика 6:4:67, сепак во последните десет минути Феникс повторно беше подобриот тим и стигна до победата.

Најефикасен кај Феникс беше Бојан Трајковски кој постигна 32 поени и додаде уште девет асистенции и осум скокови. Мекевен беше најрасположен кај ФМП со 24 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот