Прва лига: Два гола на Крстовски, трета победа во низа за Академија Пандев!

Академија Пандев /Фото: ФК Академија Пандев/facebook

Денеска во првиот натпревар од 25 коло во Првата македонска лига составот на Академија Пандев триумфираше на гостински терен против Македонија ЃП со 1:2.

Гостите ги реализираа своите голови во првото полувреме преку Крстовски кој двапати стрелаше во шестата и 26 минута од средбата.

Во вториот дел домаќините го постигнаа единствениот погодок преку Фазли во 61 минута од мечот.

На табелата играчите на Александар Васоски се на седмата позиција после деветтиот триумф сезонава (трет по ред) со 31 бод, додека ѓорчепетровци предводени од Жикица Тасевски се на третата позиција со 41 бод.

В недела ќе се одиграат преостанатите дуели од рундата, исто така од 15.00 часот: Пелистер-Вардар, Шкендија-Силекс, Шкупи-Ренова, Струга Трим Лум-Беласица, Работнички-Борец.

Фото: ФК Академија Пандев/facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот