Прва лига: Академија ФМП е последниот учесник во плеј-офот

Фото: kfsm.mk

Во најважниот меч од регуларниот дел во најсилниот кошаркарски шампионат, „академиците“ беа подобри од ТФТ (77:65). Екипата на Навико Академија е осмиот и последен учесник во плеј-офот, односно доигрувањето за шампионската титула.

Кошаркарите од Кисела Вода стигнаа до најважниот триумф во првиот дел од шампионатот откако на гостински терен го совладаа ТФТ, и тоа доста убедливо. Учинокот од 11 победи и исто толку порази во регуларниот дел, им носи опстанок во друштвото на најдобрите.

Најголемите заслуги за тоа му припаѓаат на бекот Стефан Крстајиќ кој реализираше 34 поени, а српскиот интернационалец додаде и 10 скока и четири асистенции за скоро 29 минути на паркетот.

Во изданието за заборав на ТФТ, и деветтиот пораз во досега 21 меч сезонава, најдобар беше најмладиот, Андреј Митревски со 18 коша.

Денеска се одигра уште еден заостанат дуел од 20 коло, Работнички нешто потешко од очекувањата го совлада МЗТ Скопје Уни Банка со 84:77.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот