Фото: Профимедиа

Прва која прими вакцина против корона е италијанската научничка Елиса Геанато

Шефицата на англискиот тим, вирологот Сара Гилберт вели дека е оптимист во поглед на резултатите од студијата и верува дека вакцината ќе делува.

Прва која доброволно си вбризга тест вакцина против ковид-19, е талијанската научничка Елиса Геанато.

Тестирањето се продолжува со уште 500 волонтери и ако се покаже успешно, заштитата од корона вирусот ќе може да биде подготвена уште во септември.

Пробната вакцина е резултат на англо-италијанско партнерство родено од соработката меѓу Адвент-ИРБМ, мало биоинженерско претпријатие, сместено во Помезија, во близина на Рим и Институтот „Џенер“ од Универзитетот во оксфорд, Англија.

Тимот го забрза истражувањето последните недели поради се поголемиот број смртни случаи и инфекции од новиот корона вирус. Во моментот ширум светот околу 40 научни тимови забрзано работат на откривање вакцина против корона вирусот. Предност на овој проект е што се заснова на платформа користена за вакцината против ебола.

Шефицата на англискиот тим, вирологот Сара Гилберт вели дека е оптимист во поглед на резултатите од студијата и верува дека вакцината ќе делува.

„Лично сум уверена. Мислам дека, со добра доза оптимизам, постојат одлични можности дека тоа ќе успее“, вели д-р Гилберт.

Целта е вакцината да биде спремна на есен за веќе во септември да може во милионски дози да бидат вакцнирани здравствените работници и силите за спроведување на законот.

„Во нормално време, потребни се години за да се дојде до оваа фаза“, вели англискиот министер за здравство Мет Хенкок.

Во Англија, уште еден тим од Кралскиот колеџ во Лондон, работи на друга варијанта вакцина против корона вирус.

Владата во Лондон вложи повеќе од 20 милиони евра за пронаоѓање вакцина, а уште дополнителни 20 милиони во научните институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот