Прв академски час на факултетите

УКИМ кампус
Кампус на општествени науки на УКИМ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Прв академски час ќе се одржи денеска на факултетите во државава, со што ќе се означи почетокот на новата академска 2021/22 година.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како што е најавено, ќе има видео обраќање на првиот академски час на студентите на Правниот факултет, како и на студентите на Економскиот факултет.

Обраќајќи им се на студентите на овие факултети, тој симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, прв академски час и свеченост ќе се одржи на платото на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола. На свеченоста свое обраќање ќе има проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски и деканот на Правниот факултет проф. д-р Горан Илиќ. На прво рангираните ново примени студенти ќе им бидат доделени индексите.

Проректорот Ѓуровски на брушоците на УКЛО ќе им посака успешна академска година, потсетувајќи ги дека започнуваат еден нов степен на едукација низ кои што ќе ги градат специфичните знаења, ќе се изградуваат како личности и ќе стекнуваат нови, интересни искуства, пријателства и контакти што многу ќе им значат во животот.

По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, прв академски час и свеченост ќе се одржи и на Факултетот за безбедност во Скопје, каде, како што е најавено, ќе се обратат ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, деканот Никола Дујовски…

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот