Противникот за малку ќе му ја скршеше ногата, а тој го викна на вечера

Поранешниот парагвајски репрезентативец и екс фудбалер на Баерн Минхен, Роке Санта Круз покажа дека и спортистите знаат да простуваат.

Санта Круз кој настапува за Олимпија Асунсион во парагвајскиот шампионат, за време на натпреварот против Спортиво Лукуена доживеа тешка повреда.

Противничкиот фудбалер Ричард Кабрера жестоко стартуваше врз Санта Круз и му ја раскрвави ногата. Кабрера за стартот доби црвен картон, а Санта Круз заврши во болница каде прегледите покажаа дека нема скршеница на ногата но го очекува подолга пауза.

https://twitter.com/liberta__depre/status/1161675745061744640

Откако сфати дека стартот беше преостар Кабрерра му се извини на поранешпниот репрезентативец, а потоа следеше изненадување.
Поранешниот фудбалер на Баерн одлучи да го повика на вечера Кабрера и да му прости за остриот старт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот