Против сопругот-насилник се воделе постапки за дрога и за напад врз службено лице
Против Стојанче Јовановски, сопругот и татко на жената и девојчето кои вчера го загубија при пад од зграда во скопската населба Тафталиџе, во Обвинителството немало пријави за семејно насилство, туку постапка за поседување дрога и напад на службено лице.
Препорачано
-Во Основното јавно обвинителство Скопје лицето не е пријавено за кривични дела на семејно насилство. Против него има активна постапка од 29.12.2025 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик за пронајдени 19 грама марихуана и 7 грама амфетамин во багажникот на неговиот автомобил. По предлог на надлежниот обвинител, ценејќи ги сите околности во предметот, судија на претходна постапка му определил мерки на претпазливост кои се уште се на сила. Во однос на постари постапки, се е процесуирано, поднесено е обвинение за насилство кон трето лице, заедно со други соучесници, како и обвинение за напад врз службено лице заедно со сега починатата – велат од Обвинителството.
Според првичните сознанија, во моментот на настанот, починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна. Денеска по наредба на јавниот обвинител се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се врши екстракција на податоци од телефони и се обезбедуваат снимки од видеонадзор и други снимки од неколку локации.


