Зградата во скопската населба Тафталиџе / Фото: Слободен печат

Насилникот е во полициска станица – мајката и девојчето биле сами во станот во моментот на трагедијата, открива Обвинителството

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека ги издало сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашната трагедија што се случи во Карпош, кога мајка и девојче, нејзината малолетна ќерка, загинаа во пад од голема височина од станбена зграда.

Според информациите од обвинителството, сопругот и татко на жртвите, за кој во јавноста се појавија информации и бројни сведоштва дека со години бил насилен кон сопругата и кон девојчето, е задржан во полициска станица, додека обвинителите, како што се вели во соопштението, испитуваат евентуална кривична одговорност.

„Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по увидот е запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот, починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна. Денеска по наредба на јавниот обвинител се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се врши екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видео надзор и други снимки од неколку локации“ се наведува во соопштението.

Вчера било наредена и обдукција врз телата на жртвите. Во меѓувреме, Обвинителството побарало детално известување од МВР и од Центарот за социјални работи со сите евентуални претходни пријави и поплаки од оштетената, а ќе нареди и внатрешната контрола на МВР да го испита постапувањето по тие пријави.

Граѓаните вчера беа потресени од веста за страшната трагедија, во која загинаа мајка и дете.

Александар Стојаноски, брат и вујко на жртвите, синоќа на социјалните мрежи напиша „денес се случи убиство“, откривајќи дека сестрата и внуката со години трпеле страотно семејно насилство од партнерот и татко на девојчето.

Денес се случи убиство – сестра ми и внука ми со години трпеа терор дома, вели скопјанец по страшната трагедија во Тафталиџе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот