Против Ливерпул ќе играме со 10 фудбалери во одбрана!

EPA-EFE/PETER POWELL

Шефилд оваа сезона играше со тројца фудбалери во одбраната, но против лидерот на табелата би можел да примени поразлична тактика.

– Можеби ќе играм со 10 фудбалери во делот на одбраната. Ливерпул знаел да им направи проблеми и на поголеми клубови од нас. Се надевам дека нема да покажат добри перформанси како во последните две-три години. Можеби ќе имаат лош дена, па би можеле тоа да го искористиме – рече Вајлдер.

Актуелните европски шампион во првите шест кола од најсилната англиска фудбалска лига забележа исто толку победи.

– Не сакам моите играчи со одушевување да го гледаат ривалот и бараат да ги заменат дресовите после мечот. Играме премиерлигашки меч. Секако дека разликата е голема, но ајде да се обидеме да ја намалиме – додаде менаџерот на Шефилд (Ј).

Шефилд во првите шест мечеви оствари две победи, двапати ремизираше и загуби од екипите на Саутемптон и Лестер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот