Протестот пред „Информер“ заврши со перформанс и едноминутно молчење за жртвите на натстрешницата

Протестот пред седиштето на телевизијата „Информер“ во Белград заврши вечерва околу 19 часот со перформанс и едноминутно молчење за 16-те загинати при падот на натстрешницата на реконструираната железничка станица во Нови Сад, објави Бета.

Протестите кои ги организираа студентите во блокада на Факултетот за политички науки и здружението на граѓани „Браќа Јерковиќ“ помина без инциденти. Како што пренесе Н1, собраните во еден момент на протестот побараа извинување од главниот и одговорен уредник на Информер, Драган Вуќичевиќ.

Откако помина 1 час, временски период што му го дадоа на уредникот за извинувањето, на видео-бим пред телевизијата го прикажаа видеото од исечоци од емисијата на „Информер“ фотографии од насловните страници.

Повеќе стотици демонстранти се собраа денес околу 17 часот пред Информер каде го блокираа сообраќајот на булеварот „Пека Дапчевиќ“.

Од зградата на телевизијата за цело време пуштани биле родољубиви и националистички песни, а на кровот на зградата бил и уредникот Вуќичевиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот