Протести и нереди во Висконсин откако полицијата брутално застрела црнец (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/Twitter

Инцидентот ќе го истражи министерството за правосудство на сојузната држава Висконсин.

Во градот Кеноша во американската сојузна држава Висконсин, полициајта реагирајќи на дојава за семејно насилство, пукала во еден Афроамериканец, кој е ранет и со сериозни повреди по живот е префрлен во болница.

Жртвата е идентификувана како Џејкоб Блејк, црнец од Киноша, кој во сериозна здравствена состојба е  хоспитализиран со повеќе рани од огнено оружје.

Гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, ја осуди прекумерната употреба на сила од страна на полицијата и побара таа во иднина да постапува со помалку агресија кон црнците во Висконсин, пренесуваат британските медиуми.

Засега не е позната причината заради која полицијата го застрела Блејк, но целиот случај го истражува Секретаријатот за правда во Висконсин.

На видео снимка што кружи на социјалните медиуми се гледа како Блејк се приближува кон возило и како полицајците пукаат во него додека ја отвора вратата од автомобилот.

Ранетиот маж во болница го превезле полицајците. Инцидентот се случил во неделата околу 17 часот по локално време, а набрзо на местото на настанот се собрале околу 60 граѓани кои почнале да протестираат.

Полицијата засега не објасни поради што полицајците употребиле огнено оружје, а инцидентот ќе го истражи министерството за правосудство на сојузната држава Висконсин.

САД летово се соочија со бројни протести поради полициска бруталност и расизам по трагичната смрт на 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд, кој умре после бруталното постапување на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот