Фото: Профимедиа

Просечната плата во Македонија е 46.617 денари, некако пресметала државната статистика

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 46.617 денари, која е повисока за 8,3 % во однос на јануари 2025 година – објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11,1 % и Преработувачка индустрија за 10,5 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7,4 %, Градежништво за 5,3 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3,8 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 70.066 денари.

Мартовската синдикална кошница е поскапа за 436 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот