Фото: Државен инспекторат за животна средина

Пронајдени угинати црн и бел мршојадец, постојат сомневања дека птиците се затруени

Две угинати птици, еден црн и еден бел мршојадец, кои се класифицирани како редок и заштитен вид во Македонија, биле пронајдени вчера во кавадаречкиот регион.

Според официјалните информации од Секторот за внатрешни работи – Велес, случајот бил пријавен вчера во 11:25 часот во ОВР – Кавадарци од претставник на Македонското еколошко друштво (МЕД). Птиците биле лоцирани во атарот на кавадаречкото село Гарниково.

Веднаш по пријавата, на терен излегла увидна екипа од ОВР – Кавадарци. Поради расчистување на случајот и утврдување на точните причини за угинувањето, спроведена е координирана акција во која се вклучиле и државен инспектор за животна средина, претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и претставници од МЕД.

Угинатите птици се пренесени на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје на понатамошни лабораториски анализи за утврдување на можни причини за угинувањето, затоа што постојат сомнежи за труење. Во близина на угинатите птици била пронајдена и угината крава.

Настанот е пријавен од страна на Бугарското друштво за заштита на птиците до Македонското еколошко друштво-МЕД утрото на 21.2 по континуиран мониторинг преку GPS локатор на мршојадците и сигнализација за можно угинување на еден1 мршојадец, за по пристигнувањето на теренот да се утврди дека станува збор за два угинати мршојадци, угината крава во фаза на отелување и неколку кучиња кои јаделе од месото на кравата, соопштија од ДИЖС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот