Пронајден и другиот хрватски пилот, при падот на авионот ја повредил ногата

Откако воениот авион „МиГ-21“ кој го управуваа двајца хрватски пилоти се урна денеска околу 14:00 часот во ненаселена шумска област во близина на Слатина, двајцата пилоти се пронајдени и се наоѓаат во добра состојба, јавуваат медиумите.

Моторот на „МиГ“-от откажал за време на обуката, а двајцата пилоти успеале да се катапултираат навреме.

Едниот од нив веднаш пријавил преку радиоврска, а другиот бил лоциран околу 16 часот со помош на уред кој е составен дел од опремата на пилотот. Тој има повредена нога, објави ХРТ.

Информациите што ги имаме, а ова е најважно, се дека двајцата пилоти се живи, од кои едниот е повреден. Пронајден е и авионот, а се работи за редовен тренинг лет на ХРЗ. Очигледно се работи за технички дефект што го предизвика падот на овој МиГ. Истрагата ќе утврди за што се работи, изјави премиерот Андреј Пленковиќ во Тирана, каде што учествува на средбата на самитот ЕУ – Западен Балкан.

– Во овој момент, од оваа позиција каде што сум сега, немам дополнителни сознанија, но мило ми е што пилотите се живи, додаде Пленковиќ.

Се урна хрватски авион МиГ-21, по еден од пилотите сè уште се трага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот