Пронајдени двете црни кутии од авионот кој се урна во Непал
Спасувачките тимови ги пронашле двете црни кутии од патничкиот авион што се урна во близина на непалскиот град Покара, при што загинаа 68 патници, а уште четворица се водат како исчезнати во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, соопштија утринава властите.
Препорачано
Податоците од кутијата што ги снима деталите за летот и друга што ги снима разговорите од пилотската кабина со контрола на летот би можеле да и помогнат на истрагата да ја утврди причината за падот на авионот што се урна при ведро време во неделата.
Текнат Ситаула, претставник на аеродромот од Катманду, рече дека двете таканаречени црни кутии „се во добра состојба. Однадвор изгледаат добро“, рече тој.
Во понеделникот спасувачите ја продолжија потрагата по четири исчезнати лица, а Непал во понеделник прогласи национален ден на жалост и формираше комитет за истрага на оваа несреќа, кој ќе има задача да предложи мерки за да се избегнат вакви несреќи во иднина.
Досега се пронајдени телата на 68 лица, од кои 72 во авионот АТП 72 во сопственост на Јети ерлајнс.
Во авионот кој летал од Катманду до Покара, почетната точка за експедиции до познатата планина Анапурна, имало 57 непалски државјани, петмина Индијци, четворица Руси, двајца државјани на Јужна Кореја и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција.
Претставник на полицијата од Похара изјави дека потрагата по преостанатите патници, кои се уште се сметаат за исчезнати, продолжува.
„Ќе извлечеме пет тела од кањонот и ќе продолжиме да ги бараме преостанатите четири кои сè уште не ги најдовме“, изјави Ајај К.Ц. за Ројтерс, додавајќи дека преостанатите 63 тела се испратени во болница.
Најавено е дека телата ќе им бидат предадени на семејствата по идентификација и обдукција.
Речиси 350 луѓе загинаа од 2000 година во авионски и хеликоптерски несреќи во Непал, кој е дом на осум од 14-те највисоки планински врвови во светот, вклучувајќи го и највисокиот – Еверест. Во Непал, ненадејните промени во временските услови се доста вообичаени, а тоа може да ги направи условите за летање многу опасни.


