Се урна авион во Непал, досега извлечени 16 тела на загинатите

Патнички авион со најмалку 72 патници и членови на екипажот се урна и се запали на аеродромот Похара во централниот дел на Непал, пренесе Би-Би-Си. Досега, како што се наведува, се извлечени 16 тела од остатоците на авионот, каде на терен се припадниците на непалската армија кои им помагаат на итните служби на местото на несреќата.

Авион на „Јети ерлајнс“, кој летал од Катманду кон Покара, се урнал при слетувањето и се запалил. Портпаролот на авиокомпанијата изјави дека во моментот на несреќата во авионот имало 68 патници и четворица членови на екипажот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот