Промоција и театарска претстава инспирирана од сликовницата „Лефти и Рајти си најдоа дом“

Најавата за претставата за деца „Лефти и Рајти“

Сликовницата „Лефти и Рајти си најдоа дом“ од Наташа Дукоска, во издание на „Чудна Шума“ денеска ќе биде промовирана во „Јавна соба“.

Покрај промоцијата ќе се одржи и театарска претстава и работилница за деца.

Ликовите од сликовницата – белата блуза Лефти и панталоните Рајти се оживеани благодарение на актерите Гоце Андонов, Ана Димитрова и Надица Дојкоска од „Театар за тебе“. Режисер на претставата е Изабела Јакимова.

После првата распродадена театарска претстава, закажана е и втора претстава која ќе се одвива истиот ден во 15 часот.

„Театар за тебе” e организација која е активна една година и која создава претстави и работилници за деца. Најпозната нивна работилница е „Марсовски пикник”, а особено се барани и по едукативната претстава „Мобиленд”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот