Промени во железничкиот возен ред поради ограниченото движење

Денеска ќе сообраќаат и возовите 640 на релација Битола – Скопје и 661 на релација Кичево – Скопје. Останатите возови планирани со возниот ред 2019/2020 година нема да сообраќаат.

Воведувањето продолжен полициски час, кој почнува од 16 до 5 часот секој работен ден и од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник, предизвика промени во железничкиот возен ред.

Од Железници информираат дека од денеска ќе сообраќаат возовите на релација Велес – Скопје – Велес, и тоа возот 601 по возен ред со поаѓање од Скопје во 9.15 часот, возот 2080 ќе сообраќа пред време со поаѓање од Велес во 11.30 часот, возот 2081 ќе сообраќа пред време со поаѓање од Скопје во 12.40 часот, и возот 2082 со поаѓање од Велес во 13.44 часот.

Од понеделник до петок ќе сообраќа ад хок патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 5.45 часот и пристигнување во Велес во 6.30 часот, гарнитура за возот 630 од Велес.

– На релација Скопје – Гевгелија – Скопје ќе сообраќаат: возот 611 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 6.23 часот, возот 632 ќе сообраќа пред време со поаѓање од Гевгелија во 11.30 часот и возот 630 од Велес со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од 32 минути и ќе поаѓа од Велес во 6.45 часот, соопштуваат од Железници.

Оттаму посочуваат дека на релација Скопје – Битола – Скопје ќе сообраќа возот 641 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 6:57 часот и возот 642 кој ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Битола во 10:50 часот.

Денеска, како што се наведува во соопштението, ќе сообраќаат и возовите 640 на релација Битола – Скопје и 661 на релација Кичево – Скопје. Останатите возови планирани со возниот ред 2019/2020 година нема да сообраќаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот