Пролет се раздели со Андон Бошковски

Андон Бошковски повеќе не е тренер на Пролет/ фото: РК Пролет

Андон Бошковски од денеска повеќе не е тренер на Пролет. Раководството на Пролет по поразот од Металург одлучи да ја прекине соработката со Бошковски.

Андон Бошковски пред почетокот на сезоната ја презеде екипата на Пролет, доаѓајќи на местото на Зоран Кастратовиќ кој минатата сезона го освои третото место.

Но, лошите резултати сезонава, екипата по 12 кола има учинок од седум победи и пет порази како и трите порази по ред, беа причина за разделба на Пролет со Бошковски.

„Ракометниот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека спогодбено ја прекинува соработката со шефот на стручниот штаб на првата екипа, Андон Бошковски. Причина за ваквиот потег е серијата слаби игри што кулминираше со трите порази во низа во Супер-лигата. На последниот состанок одржан во текот на денешниот ден заеднички со тренерот одлучивме дека најдобро за клубот е да ја прекинеме соработката. Тинекс Пролет му се заблагодарува на Бошковски за сработеното во изминатиот период и му посакува многу среќа во идните ангажмани“, објави Пролет на официјалната интернет страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот