„Проклетникот пуштил пипци и по лимфните јазли под пазувите“: Лила објави фотографија направена 30 минути пред операцијата!

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Додека се зборуваше дека нашата позната водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска се бори со тешка болест, таа се обидуваше секој нов ден да го помине со насмевка на лицето и покрај неизвесната борба. Лила за тешката борба со ракот на дојка, првпат проговори за „Убавина и здравје“ и оттогаш оваа силна и храбра жена со своите изјави и објави се обидува да ги охрабри сите жени кои поминуваат низ истата голгота, а истовремено и да ја крене свеста за оваа подмолна болест.

Лила овој пат на социјалните мрежи откри уште неколку работи за кои досега не зборувала. Таа објави фотографија од моментите пред операцијата, додека лежи на болнички кревет, но и во тој момент не ја напушта духот и позитивниот став.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лила Филиповска

„Кој би рекол дека животот ќе ми се дели на ‘пред’ и ‘после’ оваа слика! Слика направена половина час пред мојата петчасовна операција на канцер на дојка . Сосема спонтано направена од мојата другарка @annie_a_mark a сега сосема случајно пронајдена во мојот албум со слики. И да… оваа насмевка е искрена и многу зборува. Зборува за тоа дека воопшто не се плашев и не траоризирав. Зборува за тоа дека едвај чекав да се случи и да го продолжам патот на излекување! Добро прочитавте: Не, патот на лекување туку на излекување. Зборува за мојата решеност да го издржам и ова патешествие не баре сум тргнала да снимам уште една од моите емисии! А денот студен, зимски ама сончев. Го сфатив тоа како добар знак. И беше!!! Без разлика на тоа што ноќта по операцијата бев во вистинска агонија, без разлика што проклетникот пуштил пипци и по лимфните јазли под пазувите, и што имав закачено три дрена. Кога хирург како д-р Фатих Ајдован ќе ти каже дека ќе биде се во ред, едноставно знаеш дека треба да му веруваш. Имам уште многу да пишувам ама не се одеднаш. А пишувам само заради Вас кои ја биете истата битка. Првиот чекор до победата е верувањето дека ќе победите! Без него нема да стигнете до вториот. Никој не вика дека ќе биде лесно ама не заборавајте: светот ги памти само ПОБЕДНИЦИТЕ !!!“, напиша Лила во описот.

ФОТО+ВИДЕО | Силна жена: Лила Филиповска се појави на Саемот за венчавки по исповедта за борбата со ракот

ФОТО | Посилна од кога било: Лила го победи канцерот

ФОТО+ВИДЕО | Силна жена: Лила Филиповска се појави на Саемот за венчавки по исповедта за борбата со ракот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот