ФОТО+ВИДЕО | Силна жена: Лила Филиповска се појави на Саемот за венчавки по исповедта за борбата со ракот

Лила Филиповска на годинашниот Саем за венчавки / 10 март 2023 / Фото: Инстаграм/Лила Филиповска

Македонската водителка Лила Филиповска го имаше своето прво јавно појавување по емотивната исповед за нејзината борба со најтешката болест – ракот.

Имено, таа вчера присуствуваше на отворањето на годинашното 11. издание на Саемот на венчавки во хотелот Александар Палас. За оваа пригода, водителката избра црна тоалета со висок шлиц и самоуверено продефилира со својата природна кратка коса, фризура која, патем, одлично ѝ стои.

„Што и да се случува, јас секогаш сјаам. Овој пат на Саемот на венчавки“, напиша Лила на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото: Инстаграм/Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/Лила Филиповска

Нејзина придружба ѝ беше телевизискиот водител Спасе Јовановски, кој ѝ еден од најблиските пријатели.

„И како што реков, од денес го славиме само животот!“, напиша тој на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rolla Do Bolla (@rolladobolla)

Како потсетување, Лила Филиповска даде ексклузивно интервју за списанието „Убавина и здравје“, во кое отворено проговори за еден од најтешките периоди во животот.

„Канцерот ми го смени животот но не и мојата вредност. Првпат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам, туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте канцерот не е непобедлив! Јас сум доказ!“, напиша водителката на Инстаграм, споделувајќи ја насловната на магазинот „Убавина и здравје“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Повеќе вести за Лила Филиповска:

Посилна од кога било: Лила го победи канцерот

Лила Филиповска: Поминав низ многу бури, преживеав и сега сум посилна

Лила го прослави роденденот: Оставам претешка година зад себе, научив дека секој ден е борба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот