Производство со опаѓачки тренд, земјоделците ја напуштаат Македонија

Субвенции треба да има, но распределбата мора да биде по европски терк, вели Оровчанец.

Пред 30 години во земјава се засејуваа по околу 260.000 хектари житни култури, а денес површините се сведени на вкупно 119.000 хектари. И додека трендот на производство се намалува, опаѓа и бројот на вработените во земјоделството. Тие сé повеќе си одат, заминуваат во Чешка, Германија, вели претседателот на Агро бизнис комората при Сојузот на стопански комори, Огнен Оровчанец.

Тој смета дека субвенции треба да има, но распределбата мора да биде по европски терк. Треба да се поврзе приносот со површината и конечно да се разграничи што е сериозно земјоделство, а што дополнителна дејност.

Оровчанец вели дека извозот може да се поттикнува и има сериозен потенцијал за раст ако се фокусираме на производи со зголемена додадена вредност како финалните преработки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот