Производителот „ЈАКО“ изненаден од односот на ФФМ: Тие побараа дизајн со балканскиот „рис“ и дрес во бордо боја!

Фото: ФФМ

Многу прашина се дигна после промовирањето на дресовите со кои треба да настапува македонската А репрезентација на Европското првенство.

Наместо со традиционалната „црвено-жолта“ боја, промовираниот дрес беше во бордо кој јавноста во најголем дел не го прифати.

Веднаш потоа се огласи и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој информираше дека ќе се вратат старите дресови со кои имавме големи успеси.

Воедно првиот човек на македонскиот фудбал додаде дека техничката поддршка во однос на бојата на дресот не е во согласност со барањата на ФФМ.

Федерацијата и службите во ФФМ целосно ја преземаат одговорноста за овој избор, но исто така ќе побараат одговорност и од техничкиот партнер.

Ние како медиум побаравме одговор од Нико Вагнер кој е задолжен за односи со јавноста во реномираната германска компанија за спортска опрема „ЈАКО“:

– Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) вчера информираше дека не сакаат нивната репрезентација да игра во новите дресови со дизајнот на рисот на ЕВРО 2020. ЈАКО не го очекуваше ова. Според ФФМ, главната причина за ова е разочарувањето кај навивачите за бојата на домашниот дрес.

Откако се квалификуваше за европскиот шампионат, ФФМ побара специфичен дизајн со балканскиот рис и домашен дрес во бордо боја. Ние го произведовме овој дизајн во секој детал и го претставивме на јавноста во петок, 28-ми мај – ни изјави Вагнер.

Мојсоски: Незаконски е да се вметнува друга боја во дресот на репрезентацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот