Прогноза на „Хандбал Планет“: Кое место ќе го освои Македонија на СП?

Македонија на ЕП ќе игра во унгарскиот град Дебрецен/Фото: facebook.com/rfmofficial

Традиционално пред секое големо натпреварување, „Хандбал Планет“ ги објавува своите прогнози, околу тоа кои репрезентации се најголеми фаворити за трофејот.

Во овој случај за Светското првенство кое вчера започна во Египет се предвидува конечниот пласман, а тој вели дека Норвешка ќе го освои првото место.

Македонската селекција денеска во Каиро од 20.30 часот ќе го игра првиот дуел со Шведска, истиот ќе го судат Норвежаните Ларс Јорум и Хавард Клевен.

Според „Хандбал Планет“ ќе бидеме рангирани на 21 позиција, значи се очекува да се најдеме во вториот круг, но ништо повеќе од тоа.

„Коцкестите“ би биле сребрени, а во борбата за бронзениот медал Шпанија излегува како победник против Данска, актуелниот бранител на трофејот.

Конечен пласман СП 2021 Египет:

1. Норвешка
2. Хрватска
3. Шпанија
4. Данска
5. Египет
6. Франција
7. Словенија
8. Германија
9. Португалија
10.Унгарија
11.Катар
12.Белорусија
13.Шведска
14.Аргентина
15.Бразил
16.Исланд
17.Русија (на ова СП под името Руска Ракометна Федерација)
18.Тунис
19.Бахреин
20.Швајцарија
21.Македонија
22.Јапонија
23.Алжир
24.Уругвај
25.Австрија
26.Ангола
27.Полска
28.Чиле
29.Јужна Кореа
30.Зелено’ртски Острови
31.Мароко
32.ДР Конго

Брестовац ги одреди патниците за Египет: Без Борко, Манасков, Георгиевски…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот