Училница/ Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Професор барал интимни односи од ученичка во центарско училиште

Професор од средно училиште во скопската општина Центар е уапсен под сомнение дека вознемирувал ученичка и од неа барал да имаат сексуални односи.

Од полицијата информираат дека вчера во 17:30 часот полицајци го уапсиле 52-годишниот скопјанец, кој е професор во средно училиште во Центар.

Ова следело откако 18-годишна ученичка пријавила дека од 25 февруари до 2 март година тој сексуално ја вознемирувал и барал од неа да имаат полови односи.

Откако случајот целосно ќе биде расчистен и документиран, од полицијата најавуваат соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот