Професорот Ванчо Узунов во „24 анализа“ / фото: ТВ 24

Проф. Узунов: Владата сега треба да ги заштити сиромашните, сите други мерки се долгорочни

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 рече дека бојкотот на маркетите не е инструмент на економска политика. Според него, Владата треба да го заштити сиромашното население со мерки кои ќе донесат резултати.

„Бојкотот не е инструмент на економска политика и тоа беше да се сврти вниманието и Владата на крај рече дека виновни се маркетите. Ако имате екстра трошоци во четврток и петок, маркетите се задоволни. Бојкотот не е инструмент. Владата треба да направи обид да го заштити стандардот на сиромашното населениие, да го идентификува и точно да ги заштити нив. Тоа е краткорочно и тоа е современа политика на 21 век. Сите други мерки се долгорочни“, рече професорот.

Узунов објасни дека во нашата држава сите влади употребуваат краткорочни мерки и реформи бидејќи сакаат само да ги добијат изборите.

„Ние сме мал пазар и имаме несовршена конкуренција. Идејата дека во мала економија сè ќе се реши со слободен пазар е имагинација. Мора да научиме како се регулира пазрот. Кај нас реформите се непопуларна мерка за време на избори. Политичарите сакаат да ги добијат сите избори и не спроведуваат реформи. Решение за пазарен неуспех е да се контролира пазарот, да не земе сè бирократијата, но да се регулира интелигентно“, рече тој.

Професорот зборуваше и за субвенционирањето на земјоделците.

„Субвенционирањето на земјоделците почна во времето на претходната власт од ВМРО-ДПМНЕ, од мерка за развој помина во популистичка мерка за купување гласови, кога ќе се промени и ќе се насочи на развој, ќе има ефект“, додаде Узунов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот