Проф. Д-р Пановски: Во време на Ковид-19, тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ е реалност

Се согласувам со препораката маски да се носат, но гледам дека тоа не се почитува во целост. Сметам дека населението се умори од мерките и сега доаѓаме до ситуација, тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ да е вистина, изјави во гостувањето на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, проф. д-р Никола Пановски.

Околу собирањата на литургии, погреби, џамии и цркви, Пановски вели дека овие институции и форми на собирања, веќе очигледно е дека за жал претставуваат втора власт во државава.

-Факт е дека огромен број на луѓе веруваат во оџите, поповите, свештениците дека вирусот во светите објекти не може да се прошири. И тука ништо не може да направиме, освен да советуваме. Ако 95% од вирусот се шири внатре во домовите, треба мерките да се менуваат. Треба да се мониторира како се вршат тие семејни контакти и каде се шири вирусот. Ако видиме дека во ниеден маркет и во ниеден парк, ниту еден кеј не се пренел вирусот, ајде да одиме таму каде што се пренесува. Тоа се места каде што луѓето пејат, викаат, седат подолго време. Маските се ОК, но кога ќе се соберат луѓето тоа не го почитуваат, вели д-р Пановски.

Околу начинот на лекување и контроверзите кои го следат овој процес, Пановски смета дека се уште нема некоја конкретна терапија, а во однос на вакцините за оваа болест додава дека се уште е прашање дали треба да се брза. Ако со употреби за една година успехот или катастрофата (доколку не е успешна и нус-појавите) ќе го видиме за 2-3 години.

Околу зголемениот број на смртноста кај младите луѓе Пановски смета дека тоа е микс од повеќе работи.

-Нездравиот начин на живот и стрес е причина за поголемата смртност кај младите од кардио-васкуларни болести. Каде што главен спорт ви е кладилница, помешано со загаден воздух, ова и е очекувано.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот