Проф. Бојаџиева го критикува договорот меѓу власта и производителите на храна: Нема џентлменски договори во пазарна економија

Професорката Даниела Бојаџиева од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во гостување во емисијата „Економски Магазин“ на „Алсат“, упати забелешка за таканаречениот „џентлменски договор“ кој власта го склучи со компаниите за производство на храна, кој предвидуваше фирмите коишто ќе добијат субвенционирана струја, да ги намалат цените на основните хранителни производи.

Овој договор не беше испочитуван од производителите од прехранбената индустрија, по што Владата се одлучи да донесе одлука за замрзнување на цената на лебот, а најави и замрзнување на цените на други прехранбени производи.

„Во пазарна економија нема џентлменски договори. Ако донесеме одредена мерка, да ја субвенционираме електричната енергија за производителите, треба да кажеме кои производители, во колкав период ќе трае таа субвенција, кој ќе биде износот, по кој критериум ќе се доделува. Јас немам информации за овие прашања, а нема ни јавноста“, вели професорката Бојаџиева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот